Албанскиот премиер Еди Рама, на средба со пратеничката група, со која почнува постапката за избор на нов шеф на државата, рече дека Илир Мета, кому мандатот му завршува на 24 јули е најскандалозниот претседател во историјата на Албанија.
– Затоа, мора да избереме личност која во следните пет години ќе ја има улогата на шеф на државата, да зрачи со нормалност, да гарантира интегритет меѓу институцијата и стратешките сојузници. Претседател на Републиката кој ќе гарантира интегритет меѓу институцијата и стратешките сојузници, нашите партнери, за да обезбедиме и ниво на професионализам во решавањето на сите прашања кои се однесуваат на претседателот. Да пренесува обединувачки дух на сите граѓани, надвор од политичките убедувања и тука предизвикот станува потежок и изборот е многу потесен отколку што на прв поглед би бил изборот на следбеник на најскандалозниот претседател во историјата, рече Рама.
Според него за првпат Социјалистичката партија (ПС) има можност сама да избира претседател или претседателка на Републиката.
-Тоа значи дека за првпат ПС ја има целата одговорност за квалитетот на кандидатурата. На прв поглед ова изгледа лесен предизвик, ако се земе предвид дека речиси секоја кандидатура која би исполнила некои основни критериуми, како познавање на јазикот, воздржаност во однос на законот и Уставот, би била многу подобра од актуелниот претседател. Од друга страна, она што го прави овој момент многу пресуден за ликот, амбицијата и профилот на Социјалистичката партија е тоа што не е доволно едноставно да се избере личност која би била посоодветна за тоа место од Илир Мета, што би го исполниле како критериум 90 отсто од Албанците, додаде Рама.
На денешната средба социјалистичките пратениците во посебни коверти треба да дадат по три предлози за иден претседател, по што ќе ги разгледа и оцени посебна група, преводена од координаторот Таулант Бала, кој пак за утре има свикано средба со коорднаторите на другите пратенички групи, по ова прашање.
Исто така преку електронска пошта предлози ќе може да даваат и албанските граѓани без оглед дали се во или надвор од земјата.