Голманот на Пари Сен-Жермен, Џанлуиџи Донарума призна дека не сака да го напушти парискиот клуб.

– Останувам во ПСЖ, сакам да ја освојам Лигата на шампионите. Оваа година ми беше аклиматизација, но задоволен сум како помина. Штета што ги разочарав навивачите во Лигата на шампионите. Ќе се обидеме да ја освоиме следната сезона, изјави Донарума за „Sky Sport Italia“.

Фудбалерот изјави и дека е во добри односи со голманот на парижаните Кејлор Навас.

Оваа сезона Донарума настапи на 15 натпревари во Лига 1 и пет натпревари во Лигата на шампионите.

ПСЖ веќе ка обезбеди шампионската титула во Франција.