Триесет и седумгодишниот таксист Љ.С. од Скопје синоќа околу еден часот по полноќ бил физички нападнат од три непознати лица на улицата „519“ во скопската населба Керамидница.
Како што информира МВР, Љ.С. добил дојава да земе патници од улицата „519“ и кога пристигнал ги прашал трите непознати лица дали се тие лицата што повикале такси по што бил физички нападнат.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.