Македонија еднаш, Македонија вторпат… продадено, е дел од говорот со кој студентот Јован Јанев стана победник на ораторската вечер на Универзитетот Гоце Делчев од Штип, каде што синоќа по десетти пат се одржа оваа манифестација.
Се натпреваруваа осум студенти од различните факултети на Универзитетот, а двајца од нив добија награди за најдобри говори.
Освен Јанев, кој е студент во втора година на Правниот факултет во категорија на „слободни говори“ наградена е и Ана Михаиловска во категорија „рамноправност и недискриминација“.
Погледнете го видеото од ораторската вечер!