Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ повика на мобилизација и активизам од граѓаните, а соопшти и дека седницата на Извршниот комитет на партијата продолжува и најави дека вечерва ќе бидат донесени и други одлуки

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одлучи да го прифати предлогот на лидерот на партијата Христијан Мицкоски и најави активна блокада на Собранието по 10 мај, соопшти Николоски во изјава за медиумите.

„Сметаме дека животот во национална катастрофа за жал станува секојдневие, ваквата позиција ја донесе токму оваа Влада и тоа ни дава обврска да одговориме на истата. Ваквиот чекор е реакција на акциите на власта. Токму на седницата на извршниот комитет донесовме заклучок за активна блокада на Собранието, што подразбира блокада на сите штетни закони што доаѓаат од ДУИ и СДСМ. Блокадата ќе стапи на сила во 10 мај, а дотогаш ДУИ И СДСМ да размислат и да се отвори за дијалог и да прифатат лидерска средба. Топката е сега кај СДСМ и ДУИ, да седнеме на лидерска средба и да го дефинираме датумот за лидерска средба“, изјави Николоски.

Ваквите чекори како овој вечерва е реакција на акцијата на власта и нивното неодоворно однесување и за секој понатамошен чекор единствен виновник е коалицијата на СДСМ и ДУИ и никој друг, истакна Николоски.