Во изминатите 24 часа Украина ја напуштиле над 44.000 бегалци , што е вкупно околу 5,8 милиони од почетокот на руската воена инвазија врз оваа земја, соопшти денеска Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

Според УНХЦР, од 24 февруари до вчера Украина ја напуштиле 5.801.159 лица.

УНХЦР наведе дека во текот на изминатиот ден 44.145 бегалци се преселиле во соседните земји.

Според УНХЦР, досега 739.418 бегалци отпатувале во Русија, 3.167.805 во Полска, 857.846 во Романија и 557.001 во Унгарија.