Руски гранати ја погодија рафинеријата за нафта во Лисичанск во источна Украина, оштетувајќи ги производствените погони, изјави денеска гувернерот на Луганската област, Сергеј Хајдај.
Хајдаи на каналот Телеграм објави дека при гранатирањето се оштетни објекти, вклучително и области каде што се прима сурова нафта и се меша со други елементи при процесот на рафинирање.
Тој додаде дека упорниот артилериски оган ги спречува противпожарните екипи да работат.