ПЛАТИ ВО ВЛАДАТА: Ковачевски има повеќе за минат труд од претходникот Заев и месечно зема по 88.260 денари, а Спасовски 86.324 денари

/ 09.05.2022

Актуелниот премиер Димитар Ковачевски има повеќе за минат труд и поголема плата од неговиот претходник Зоран Заев, а најголема министерка плата зема Оливер Спасовски.

Kоефициентот на бодот за износот на месечните плати на премиерот и на министрите е идентичен со оној на претходниот состав на Владата.Владата ги објави платите на министрите на старо-новиот состав на Владата, на чело со премиерот Димитар Ковачевски.

Платата на Ковачевски, заедно со минат труд е 88.260 денари, а најголема плата меѓу министрите, има министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски – 86.324 денари.

– Kоефициентот на бодот за износот на месечните плати на премиерот и на министрите е идентичен со оној на претходниот состав на Владата. Инаку, премиерот, министрите и заменик-министрите ги избира и ги разрешува Собранието на РС Македонија. Во постапката за избор се определува и коефициентот за пресметка на месечната плата – изјавија од Владата за „Слободен печат“.

Така, основната плата и на премиерот Ковачевски, како и на неговиот претходник Заев е 78.896 денари. Ковачевски за минат труд добива 9,364 денари, а Заев имаше помал износ за минат труд и малку помала плата – 87.913 денари.

На сите министри основната плата им е 65.026 денари, а варијациите се поради ставката минат труд и може да се видат на сајтот на Владата ((https://vlada.mk/plati).

Единствено на министерот за внатрешни работи му се утврдува зголемување за 20 проценти на платата утврдена за извршување на функцијат а, затоа министерот Спасовски има најголема плата.

Инаку, како што веќе објави „Слободен печат“, нето-платата на претседателот на државата Стево Пендаровски, заедно со минат труд е 92.941 денар.


Од истата категорија