Нашите херои, струмичките пожарникари денеска им помагаа на вдомените кучиња да не останат без вода, објави струмичкиот градоначалник и функционер на СДСМ, Костадин Костадинов.

– Во Струмица ние никого не оставаме на цедило. Благодарам другари така се сака Струмица, објави Костадинов на својот официјален профил на Фејсбук.

Инаку, неговата партија, СДСМ, секој ден објавува соопштенија во кои истакнува разочараност од опозициските градоначалници.

Белки сите тие не ги оставаат на цедило, и без вода, вдомените кучиња и белки и во „опозициските“ општини има херои кои ќе ја згаснат жедта на кучињата!?