Покрај ценовниот шок што денеска го доживуваат граѓаните, уште една вознемирувачка бројка објавена од матичен лекар.
Како што објави порталот Курир, се рушат сите рекорди на издавање на таблети диазепам. Така денеска до 11 часот биле издадени над 6.000 кутии и како денот одминува се зголемува тој број.
Во денешната табела на издадени лекови, може да се забележи дека до 8.30 часот биле издадени 1.155 кутии диазепам, а веќе во 14 часот бројот се искачил на 11.000 пакувања од ова средство за смирување.
Оваа статистика е објавена од матичен лекар, согласно податоците на системот „Мој термин“.
За потсетување, во текот на вчерашниот ден, како што наведува Курир, биле издадени вкупно 9.500 пакувања од овој лек за смирување.
Во коментарите на објавата се наведува дека бројката која е речиси двојно поголема од вчера е поради тоа што е први во месецот кога се земаат месечните терапии.