Откако владата вчера не ги продолжи мерките, од утрово фискалните каси повторно oткуцуваат со 5% ДДВ на основните прехранбени производи, а се вратија и маржите за трговците, пренесува Канал 5.
Па така, лебот „скокна“ за 7 денари, а најголем раст има кај зејтинот, дури 20-ина денари и сега се продава по цена од 150 денари па нагоре. Речиси сите цени на основните прехранбени производи се повисоки за минимум 5 денари, а најмногу се забележува кај месото кое од денеска има цена повисока и за 50 денари…
Граѓаните велат поскапувањето силно удира по џебот, но мора да се јаде, известува телевизијата.
Овие цени кои од утрово осамнаа на полиците се само со пресметано ДДВ и маржа, но по драстичниот скок на горивата, според информациите на Канал 5 производителите веќе прават нови пресметки во кои ќе го вкалкулираат и поскапиот транспорт, па од наредните денови се очекува нов бран поскапувања кај дел од производите.
Бензините од синоќа за прв пат ја надминаа стотката. Во трка да наточат гориво по стара цена, од попладнето и вечерта до полноќ забележани беа долги колони возила на бензиските станици низ целата држава.
„По вчерашните големи гужви и колони возила, денеска, откако цените на бензините за прв пат ја надминаа 100тката, на бензинските пумпи празно.“
СТАРА ЦЕНА: НОВА ЦЕНА:
БЕЛ ЛЕБ 33 39/41
ЗЕЈТИН 135 160…
БРАШНО 55 62
ШЕЌЕР 54 59
ЈАЈЦА 9 10
ТЕСТЕНИНИ 39 52
ОРИЗ 57 112
ТРАЈНО МЛЕКО 45/50 60/70
СТЕК ЗАМРЗНАТ 289 335
СИРЕЊЕ КРАВЈО 229 335