По тензичниот почеток на Конгресот, Горан Мисовски како единствен кандидат беше избран за нов претседател на НСДП. Тој доаѓа на позицијата која досега ја држеше основачот на партијата, Тито Петковски.
-Горан МИСОВСКИ е избран за претседател на НСДП на Петтиот конгрес кој се одржа во Скопје.
Од присутни 426 делегати, правото на глас го остварија 314 делегати од нив:
308 ЗА
3 ПРОТИВ
3 неважечки ливчиња, објавија од партијата.
Претходно Кристијан Трајковски се повлече од трката и не се самокандидираше, бидејќи според него, Конгресот е нелегитимен и се направил фалсификат со делегатите.
0