Северна Кореја за првпат назначи жена за министер за надворешни работи, објавија денеска севернокорејските државни медиуми.

Чое Сон Хуи, поранешна заменичка министерка за надворешни работи, е назначена за шефица на дипломатијата на состанокот на владејачката партија, со кој претседаваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, јави агенцијата CCNA.

Таа ќе го замени Ри Сон Гвон, поранешен воен функционер кој преговараше со Јужна Кореја.

Чое беше близок советник на Ким Џонг Ун за време на нуклеарните преговори со САД и го придружуваше севернокорејскиот лидер на средбите со поранешниот американски претседател Доналд Трамп