Задачата на проевропските сили во Бугарија е да најдат формула за формирање влада во постоечкиот парламент, во кој се уште имаат мнозинство, за во следните две години, со поддршка на европските партнери, да ја интегрираат Бугарија во еврозоната и Шенген и отклучување на европските фондови за модернизација и зелена трансформација на економијата. Оваа препорака ја даде претседателот на Бугарија во периодот од 2012 до 2017 година, Росен Плевнелиев, во текст објавен во весникот „24 Часа“.
„Влегувајќи во еврозоната, ќе влеземе во безбедно пристаниште, каде што ќе бидеме заштитени и покрај невремето. Ова е решавачкиот момент во кој руската закана конечно ќе биде елиминирана, бидејќи нашите институции, банки и економијата ќе бидат целосно интегрирани со европските и ќе станеме рамноправни со другите европски народи, како што е заветот на апостолот на бугарската слобода Васил Левски“, пишува Плевнелиев.
Неговото објаснување за повлекувањето на „Има таков народ“ од владејачкото мнозинство неделава е дека „претседателот Румен Радев ја извлекол чергата од под четирикратната коалиција.
Плевнелиев предупредува дека Радев „ќе ја собори владата на Петков, ќе формира своја преодна влада во која ќе назначи свои луѓе и ќе го отвори патот за нови избори, при што веќе се вжештуваат новите популистички проекти на неговите колеги, како што е левичарската популистка Маја Манолова и, под негово закрила, генерал русофил Јанев. Во блиска иднина ќе видиме уште популистички проекти во парламентот, додавајќи ги “Вазраждане“, ИТН и БСП, а ако Радев успее да го назначи својот главен обвинител, би ја консолидирал целата власт во земјата, ќе стане бугарскиот Орбан, тврди Плевнелиен кој додека беше претседател на Бугарија изјавуваше дека таа се протега до Охрид, но не и до Драма од каде што потекнува неговото семејство, бидејќи за разлика од нас, му беше страв дека ќе ги налути Грцикте во чија полза даваше изјави кога станува збор за Република Македонија.
Според Плевнелиев, дали Бугарија ќе го следи позитивното или негативното сценарио ќе се одлучи на 23 јуни, за кога е закажан самит на ЕУ, на кој „демократските лидери сакаат да го покажат своето единство, да покажат решителност, да му дадат јасен сигнал на диктаторот Путин дека ќе се борат до крај за битката за демократија и слобода во Европа“.
Плевнелиев нагласува дека е од најголема геополитичка важност да се отклучи моторот на интеграцијата и решително да се намали руското влијание во Европа со доделување статус на земја кандидат за членство во ЕУ, Украина и започнување на процесот на европска интеграција на Република … Македонија и Албанија.
Но Плевнелиев всушност не вели дека кревањето ан ветото ќе значи и почеток на преговоте за Македонија. Напротив, тоа би ај откочило Албанија, а Македонија би добила датум, но би останала блокирана. Според сценариото наведено во написот, на 23 јуни, за Бугарија да го укине ветото, предвидено е прелиминарно потпишување на договор меѓу двете земји, гарантиран од ЕУ и претседателот Макрон. Бугарија ќе добие гаранции дека првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите меѓу Европската комисија и Македонија ќе се одржи дури откако Скопје ќе го промени Уставот и дека почитувањето на Договорот за соседство и критериумите од Копенхаген ќе биде хоризонтална мерка за затворање на сите 35 поглавја. Значи, преговорите ќе почнат откако Бугарите ќе ги внесеме во Уставот а потоа, според Плевнелиев, ЕУ би била гарант дека ќе признаеме дека сме историски одродену Бугари, во спротивно ќе нема затворање на поглавјата.
Всушнст, ова е сценариото кое го најави и Мицотакис за исполнување на тоа што тој смета дека Македонија треба дополнително да и го испорача на Грција, а веројатно се состои во целосно откажување од името „Македонија“.
Во пракса, Бугарија ќе го постигне тоа што го направи Грција со Договорот од Преспа, кој добро функционира, смета Росен Плевнелиев.
Според него, барањата на Бугарија се слушнати и пронајден е клуч за решавање на растечкиот конфликт (ова е нешто ново, н.з.). Плевнелиев вели дека Бугарија за прв, а можеби и последен пат има шанса да постигне обврзувачки договор меѓу двете земји, кој ќе ги гарантира јасно формулираните од бугарската страна три барања:
-да се смени Уставот на … Македонија, давајќи им на Бугарите исти права како Србите и Албанците, да се спроведе и имплементира Договорот за добрососедство (чиј главен елемент, за Бугарите, е заедничката историја според нивно толкување) и Македонија да ги почитува критериумите од Копенхаген за демократско владеење, човекови права и функционална пазарна економија.
Плевнелиев предложи актуелниот премиер Кирил Петков и покрај контраиграта на Радев да ја подигне расправата во Народното собрание, да го слушне извештај за напредокот на преговорите од министерката за надворешни работи Генчовска (која е од ИТН и блиска до Радев). „Собранието нека дебатира отворено и искрено, носејќи национално одговорна одлука, која премиерот Петков ќе ја брани во Брисел на 23 јуни“, посака Плевнелиев, но призна дека ова ќе биде веројатниот крај на неговото владеење.
„Мојот апел до Радев е да разбере дека од историска гледна точка на претседателот не му е важно колку мандати имал, колку битки победил или каков бил неговиот рејтинг. Успехот на претседателот се мери само со напредокот и модернизација во општеството и државата, а тие се можни само преку забрзана интеграција на Бугарија во еврозоната и Шенген. Затоа, постигнете го овој компромис, вели Плевнелиев во својата колумна.