Премиерката на Естонија, Каја Калас, ги повика западните сојузници да спречат предвремен мировен договор меѓу Русија и Украина.

– Мораме да бидеме внимателни со предвремените повици за прекин на огнот и мир. Нашата политика мора да се заснова на сфаќањето дека руската закана нема да исчезне утре, изјави Калас во напис во Сандеј Телеграф.

Според Калас, западните земји не треба да се плашат од влошување на односите со Русија, па дури и од нивно целосно распаѓање.

– Гасот можеби е скап, но слободата е бесценета, вели премиерката Калас.

Вчера рускиот амбасадор беше повикан во естонското Министерство за надворешни работи поради зборовите на Путин дека Словените живееле на територијата на Нарва „од почетокот на времето“.