Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак изјави дека Украина го предала предлогот за санкции кон Русија на средбата на Володимир Зеленски со лидерите на Франција, Германија, Италија и Романија.
„Мораме да го зголемиме притисокот врз агресорот, да работиме на седмиот пакет санкции, кој ќе вклучува ембарго на гасот“, напиша Јермак на Телеграм.