Шефицата на Кабинетот на бугарскиот премиер Петков, Лена Бориславова, на маргините на денешните случувања во бугарскиот парламент во рамки на кои беше сменет претседателот на бугарското Собрание, пред камерите и фотоапараите го покажа елегантниот свршенички прстен.
Мажот до увата Лена неа е привремен претседавач со Народното собрание – Мирослав Иванов, кој е и заменик претседател на „Промена“.
Фотографијата со прстенот на Лена веднаш стана вирална и беше протолкувана како доказ за нејзината среќна свршувачка, која се случува среде политички превирања во Бугарија, во рамки на кои таа беше обвинета дека е љубовница на премиерот Петков.
Впрочем, двајцата млади правници, сепак, се долго време свршени, потсетуваат нивните колеги. Нивната врска е долгогодишна и заедно живеат уште од пред да влезат во политиката.