Премиерот на Бугарија и лидер на „Продолжуваме со промените, Кирил Петков, веќе прифати дека актуелната власт ќе падне и практично ја започна изборната кампања со говор пред насобраните демонстранти вечерва пред собраниската зграда кои протестираат против смената на претседателот на Собранието Никола Минчев.
„Сега ќе има гласање за недоверба. Тоа да не ве разочара. Ова е еден од чекорите низ кои ќе минеме. Успеавме да победиме на изборите, но овие луѓе ни приредија задкулусна игра и тие игри ќе продолжат. Ни, ние ќе ги пресечеме, рече тој, додавајќи дека кога „Продолжуваме со промената“ ќе ја преземе целосната контрола на државата, тогаш ќе почне да работи за добробитта на сите луѓе.
Претходно, 125 пратеници во бугарското Народно собрание кое брои 125 пратеници, го сменија претседателот на Собранието. Сега, ним им се брза да изберат нов претседател на Собранието, за да можат наредната недела на дневен ред да го постават прашањето за уривање на Владата на Петков, кое, ако опстанат на број денешните 125 пратеници, тогаш е сосема извесно. Тоа значи дека Бугарија во септември би одела на избори, а прашањето за Македонија се одложува на неодредено време.