Антонио МИЛОШОСКИ денеска побара од Ковачевски и Османи да ги достават до Собранието двата документи договорени со Франција и Бугарија: „За документите кои се однесуваат на Македонија, владата нема право истите да ги крие од јавноста, туку има уставна и морална обврска да прифати и да учествува во собраниска расправа“.
Одговорил Османи според кого францускиот предлог не сме го добиле, иако и официјална Франција и Бугарија потврдуваат дека се е сработено во консултации со македонското МНР и Владата.
Вомеѓувреме, Петков го испрати францускиот предлог до Народното собрание, а бугарското МНР објави дека фокументите за преговорите меѓу Бугарија и Македонија немаат ознака за тајност и се впишани во јавната евиденција на Народното собрание и на Советот на министри на Бугарија.
Реакцијата следува откако министерката за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска ја повика владејачката партија на Петков, Продолжуваме со промената, да ја отстранат класификацијата „тајност“ од документите со Македонија.
Така, изгледа дека сите го имаат францускиот предлог, само Османи – не!