Во Србија во 2021 година живееле 6.834.326 жители, а проценките се базираат на резултатите од статистиката за природно движење и внатрешна миграција на населението, соопшти Републичкиот завод за статистика.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, гледано по пол, 51,3 отсто од населението во Србија се жени (3.507.325), а 48,7 отсто се мажи (3.327.001).
Продолжен е трендот на депопулација, што значи дека стапката на раст на населението во однос на претходната година е негативна и изнесува минус 9,4 отсто.
Истовремено, процесот на демографско стареење на населението се манифестира со ниското учество на младите и високото и континуирано растечко учество на старите лица во вкупното население. Уделот на лицата на возраст од 65 и повеќе години е 21,3 отсто, а 14,3 отсто се на возраст под 15 години.
Гледано на регионално ниво, Заечарскиот регион забележа најголем удел на лица на возраст од 65 и повеќе години (28,9 отсто), а во исто време и најнизок удел на население под 15 години (11,1 отсто).
Најмал удел на лица на возраст од 65 и повеќе години има во Пчињската област (16,1 отсто), но најголем удел на лица на млади од 15 години има во Рашката област (17,6 отсто), а потоа во Јужнобачката (15,6%) и Белградската област (15,4 отсто).