Вечерашниот протест од Владата продолжи кон македонското Собрание, каде илјадници граѓани продолжија со скандирање и свирење.
Се пеат патриотски песни, се бара оставка и целосно отфрлање на предлозите за спорот со Бугарија, а некои демонстранти влегоа и во дворот од Собранието.
Дел од граѓаните останаа и пред Владата, каде се продолжи со говорите зошто морада биде отфрлен францускиот предлог.