Во 12 часот започна протестот пред Владата против францускиот предлог за бугаризација на Македонија во замена за прва селфи конференција на владините претставници во Брисел.
Демонстранти дојдоа на протест за време на одржување на владина седница на која треба да биде одобрен предлогот и за време на посетата на претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел.
Изјава пред Владата прочита пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.