Францускиот предлог е обична дипломатска лага, вели градоначалникот на Карпош и лидер на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски.
– Нас ни се фрла предлогот на големиот Макрон, а од позади се цитира протоколот, во кој се сите барања на Бугарија. Главата му се сече на македонскиот народ со протоколот. Најголемата опасност по Македонија стои токму овде и во образованието, каде што треба да ги смениме учебниците по историја и географија. Оваа операција се прави за Албанија, не за Македонија, вели Јакимовски.
Според него, ако сега Македонија не влезе во ЕУ поради ветото од Бугарија, а да помине Албанија, тоа ќе биде срам за Европа и САД.
– Трикот е нас да не убедат да прифатиме, влегуваме во преговори, а потоа со протоколот ќе не запрат, Македонија ќе остане, а Албанија ќе си пројде. Не можам да сфатам како може некој да асистира во ваква работа. Таму стои дека ние треба да ги осудиме службите што работеле во времето на комунизмот“, рече Јакимовски во емисијата „Само вистина“ на ТВ канал 5.