Собранискиот спикер Талат Џафери утрово на својот фејсбук профил објави три видеа и напиша дека го признава и поддржува правото на протести, но не поддржува насилство и поттикнување на омраза.

– Последиците од синоќешното дивеење пред Собранието. Признавам и поддржувам сечие право на протест, на искажување став. Постојано и силно осудувам хулиганство, насилство, поттикнување на омраза, зашто тие не се решение, напиша Џафери на фејсбук.

Дел од медиумите објавија дека по вчерашниот протест против францускиот предлог има искршени стакла и на Министерството за надворешни работи.

Од Собранието информираат дека се уште не се знае колкава е штетата и најавуваат дека дополнително ќе информираат за тоа.