Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја оправда фаворитската улога против Ник Кирјос (4-6, 6-3, 6-4, 7-6/3) и ја освои седмата титула на Вимблдон.
Првиот носител го загуби првиот сет, но потоа започна да ја „чита“ играта на противникот и направи пресврт за конечна победа. За него ова е 21. Грен слем трофеј во кариерата, па сега стои на еден од рекордот на Рафаел Надал.
Контроверзниот Австралиец одново правеше шоу и постојано разговараше со судијата и својот тим. Тоа не влијаеше на играта на Србинот, кој со по еден брејк стигна до прва предност во финалето и ги освои вториот и
третиот сет.Моментот беше на страна на Ѓоковиќ, кој продолжи во исто темпо и до крајот на финалето. Сервисот го користеше максимално, а нервозата кај Кирјиос ја искористи за да запише нов голем успех на турнирот во Лондон. Во последниот сет од мечот се играше тај-брејк, бидејќи двата актери во финалето не попуштија на свој сервис. 35-годишникот многу брзо побегна и направи недостижна разлика. Тоа му го отвори патот до новата титула на Вимблдон.
Австралискиот ас го играше своето прво Грен слем финале. Тоа е најголем успех во неговата кариера. Меѓутоа на титула ќе мора да чека нова прилика, со оглед на тоа што денес наиде на подобар и пред сè поискусен ривал на Централниот терен.