Бетонот да ти бил скршен. Ова е објавата со која Европската комисија преку твитер ја најави утрешната посета на претседателката дер Лајен на Македонија при која ќе има обраќање во Собранието. Целта е да зборува за тоа колку е добар фрнацускиот предлог со кој стануваме Бугари. Како што можее да прочитате, Собранието е „северномакедонско“, а Пендаровси “северномакедонски“ претседател.

Подоцна, откако во Брисел веројатно било алармирано за реакциите во Скопје, твитот беше корегиран, а новиот гласи:

-Претседателката Вон дер Лајен утре ќе биде во Скопје на средба со претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски. Претседателката ќе се обрати во Парламент на Северна Македонија на свечената седница во 13 часот.

Но, како што можете да забележите, твитот не е корегиран со „македонски претседател“ и „македонски парламент“, што би било логично, туку со едноставно бришење на придавката „северномакедонски“ со “претседател на …. Македонија“ и “парламент на … Македонија“.