Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски на вчерашниот граѓански марш упати прашање дали францускиот предлог има обврски и за бугарската страна или само македонски деца кога ќе одат во училиште во септември претходно ќе бидат испратени учебниците на реевидирање, па постепено ќе се дојде до ниво дека наводно македонскиот потекнувал од бугарскиот народ.
Дали и во тој протокол којшто пред неколку дена беше објавен на бугарските медиуми, а вие до овој момент од власта никој почнувајќи од тебе Ковачевски, завршувајќи до Османи не го негиравте. Има ли некои обврски во тој протокол кој кадешто има обврска за другата, за страната на Бугарија? Или само тоа ние кога нашите деца ќе одат во септември во училиште претходно ќе ги испраќале на реевидирање коишто тие ги учат? Па постепено ќе дојдеме до ниво, на тоа нивното дека ние наводно сме потекнувале од бугарски народ! Абре Димче па не ли ти е јасно дека од Македонец Бугарин не бива! Овој другар ми претходно ги правеше администратори и наводно сме говореле исти јазици. Ајде го разбирам таму од Струмица е, ја утнал скроз, ама ти Димче Кумановец си, со нас израсна тука. 4 пати те барав да ти се јавам да ти објаснам некои работи пред да излезам јавно да ти кажам што дозволуваш со ова. И ние ја сакаме Европа,
и ние сме за Европа, и нашиот стратешки партнер се САД и целиот демократски свет, но ние имаме чест, образ, достоинство, тоа е што му останало на овој народ!, рече Димитриевски.
Потсети дека слободарско Куманово во Втората светска војна дало 828 жртви – над 600 Македонци, 100 Срби, над 60 Албанци, над 30 Турци, над 20 Роми, и сите останати кои живееа во овој град.
Вие администратори срам да ви е? Ќе сте дошле во Куманово да ги бришете спомен плочите од бугарскиот фашистички окупатор. Па, како бе можеш да ја бришеш сопствената историја и крвта на нашите предци којашто е таму. Повелете дојдете во Куманово, ние ќе дојдеме да ве чекаме кога ќе дојдете да ги бришете, додаде Димитриевски.
Претседателката на Советот на општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска изјави дека основата на првиот литературен јазик е Македонскиот, а не бугарскиот и како што посочи – нема попуштање.
Кирил и Методиј живееле во Солун, нивните соседи биле Македонци, кои живееле втора половина на 9 век, Македонци. Значи, основата на првиот литературен јазик е македонскиот. Не бугарскиот, и нема да попуштиме! Кога ги прашував моите ученици која е првата азбука велеа глаголица. Нормално, сите наши цркви се испишани со глаголица. Кога ги прашував кој ја направил таа глаголица? – Кирил и Методиј, тоа се сесловенски учители. А, кои се нашите учители Македонци? Е тоа се Климент и Наум Охридски. Знаат се нашите ученици. Дали јас ги лажев моите ученици? Дали ова е се вкупно сесловенска лага ние што сме учеле за да има само една бугарска вистина? Во јазикот е суштината, тој е наш и само наш, непреценлив извор и бисер. Бугарите добро ја знаат вредноста на Охрид, затоа ни го крадат, присвојуваат. Но, дали ние кренавме глас? Не. Мудро си молчевме меракот да им помине. Гледам, сега треба на Бугарите да им го дадам учебникот по македонски јазик особено историјата да ја ревидираат, што треба да правиме ние наставниците по македонски јазик?, потенцираше Ѓорѓиевска.