За време на собраниската седница за францускиот предлог, вечерва се случи уште една тензична ситуација, која лесно можеше да ескалира во физичка пресметка меѓу пратениците Димитар Апасиев од Левица и Мартин Костовски од СДСМ.

Од видеото на Алсат, се чини дека Костовски го удри по раката Апасиев додека овој одеше кон говорницата или кон Џафери, по што Апасиев се врати кон него.

Ситуацијата ја смируваа Мисовски од НСДП и, што е уште поинтересно, Арбр Адеми, кој пред само неколку денови маваше и фрлаше со филџан и шишиња по пратениците.

Видеото на Алсат кое најасно ја покажува целата ситуација погледајте го на овој линк