Првиот човек на македонската делегација во Комисијата за историја со Бугарија пред три дена изјавуваше дека нема договор за Самоиловата држава дека е бугарска, но тоа не го спречи Бујар да потпише документ за менување на лекции во учебници и поставување табли пред споменици, пишува Наум Стоилковски на својот ФБ профил.
И навистина, во содржината на денеска потпишаниот Протокол, стои:
„Владата на Република … Македонија ќе подготви и достави прелиминарен урнек од лекција за 7 одделение од образовната програма на Република … Македонија на тема Самоилова држава, во согласност со препораката на Комисијата, во согласност со чл. 8 ал. 2 од Договорот.“
Што значи или дека Самоил е договорен или веќе има насока во која ќе биде договороен, по што ние ќе треба да го смениме учебникот за 7 одд.
А еве што изјави Драги Ѓоргиев пред неколку дена:
И еве го делот од Протоколот:
Претходно, Стоилковски се осврна и на други делови од Протоколот во врска со образованието:
Македонските учебници ќе одат на “ревизија” во Бугарија!
Уште една лага на виделина!
Според сокриениот документ поддржан од френетичните зомбија што го гласаа предавството:
1. Комисијата (читај бугарските историчари) ќе пишувата лекции, ќе ги достават кон Протоколот, за потоа ако има дозвола ќе ги вметнат во учебници.
2. Тоа да се “рефлектира” со табли пред истоеиски споменици; и
3. Телевизиите мора да го нагласуваат кога ќе снимаат!
БОНУС:
Ќе подготват “пригоден” текст, лекција на увид за Самоиловата држава, за учебник во седмо одделение, па потоа ќе следи, ако дозволат Бугарите, ќе стават табла за “Бугарски споменик”, а медиумите ќе мора да се пенават секогаш и во најбанални ситуации (“осветлена е тврдината во боите..”) да нагласуваат дека е “бугарско наследство согласно Договорот за добрососедство” на пример!
БОНУС ЛАГА НА БУЈАР:
Во учебникот Географија за седмо одделение, нема поим “вештачка”/”природна граница”