На интернет сајтот Википедија денеска ново име доби и претседателот Стево Пендаровски, откако вчера истото беше направено и за министерот Бујар Османи.
Пендаровски денеска на Википедија е запишан како „Стево Стока Пендровски“, откако вчера му беше сменето името на Бујар Османи во Бугар Османи. За премиерот Димитар Ковачевски беше запишано дека (наместо премиер на Македонија) е премиер на Бугарија.
Тие што му го смениле името на Пендаровски алудираат на неговата изјава од порано во која тој рече дека „граѓани биле ставани во автобуси како стока и носени на гласање“.
Нека не биде сфатено малициозно, но овие примери доволно зборуваат што значи смена на името за идентитетот на државата, како што тоа беше сторено со Република Македонија, а за што поддршка имаше и од Пендаровски и од Османи, кои не убедуваа дека „ништо не се менува“.