Премиерот Димитар Ковачевски си грицкаше семки во Парламентот додека од говорницата се обраќаше пратеникот на партијата Левица, Борислав Крмов, објави партијата.
Во продолжение објавата на Левица на Фејсбук:
КОВАЧЕВСКИ ГРИЦКА СЕМКИ – АРОГАНЦИЈА КОЈА ГО ДЕГРАДИРА ЗАКОНОДАВНИОТ ДОМ
(Обраќање на пратеникот на Левица, Борислав Крмов кон премиерот Ковачевски)
На денешната седница за пратенички прашања, Премиерот Ковачевск, во познатото светло на социјалдемократската ароганција покажа целосно непочитување на законодавниот дом и грицкаше семки при обраќањето на пратеникот Крмов!
Што правите во моментов, семки грицкате? Да не ве деконцентрирам.“
Крмов реагираше до заменик-претседателот на Собранието Горан Мисовски да го опомене Премиерот за недоличното однесување. Не само што немаше никаква опомена, туку ароганцијата на Ковачевски отиде дотаму што тој дури побара Крмов да му се извини нему, или во спротивно, се закани дека тој и министрите ќе ја напуштат седницата.
Ние од Левица не се извинуваме, посебно не на вас. Станете и одете си слободно, беше одговорот на пратеникот Крмов.
Освен што грицкаше семки, Премиерот џвакаше мастика додека зборуваше на говорница за време на собраниската седница.