Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вечерва соопшти дека разговарал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Тој побарал од руската страна да ги ослободи приведените Американци Бритни Грајнер и Пол Вилан.

Блинкен изјави дека на денешниот разговор со шефот на руската дипломатија бил „искрен и директен“ и дека побарал Русија да ги исполни своите ветувања од договорот за извоз на жито од Украина.