Тања Каракамишева пишува дека во текот на вчерашниот ден паднал конечниот договор за Република Горна Македонија. Според изворите на Каракамишева, која таа ги оценува како „доброупатени“, тоа е дефинитивното решение на кое инсистирале Грците.
Договореното име ќе има ерга омнес опсег на употреба, со што се покажуваат точни тврдењата дека „Илинденска“ имаше задача да го пробие ледот кај еден дел од Македонците, да се прифати севкупна употреба, за сега да ни биде измислено ново име.
Според Каракамишева, за ова ќе се чека летниот одмор кога луѓето се по одмори, по примерот на Договорот со Бугарија, кога, вели таа, мазно ќе си помине најголемата капитулација видена на земјината топка!
Заедно со оваа ујдурма државата ќе капитулира и со официјализацијата на албанскиот јазик, кога ќе биде објавен и ќе стапи на сила срамниот Закон за јазиците!