СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство кои ги предводи, ги реализира стратешките цели на државата, соопшти денеска владејачката партија на која „трн во око“ и е само опозицијата.
Во продолжение го објавуваме целото соопштение, во кое ново е само денешниот датум, а досега истото е вртено многу пати:
РС Македонија денес е 30 земја членка на НАТО, најмоќниот глобален безбедносен сојуз.
По 17 години минати во чекалната, конечно заслужено ги започнавме преговорите за членство во ЕУ.
Од земја кандидат, денес сме земја преговарач, ги започнавме преговорите со чиста формулација на македонскиот јазик, со заштитен македонски идентитет.
Од друга страна, наспроти државничкото и одговорно однесување на СДСМ и коалицијата, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски прават се за да ја загрозат европската иднина на државата.
Мицкоски и неговиот партнер Димитар Апасиев преку блокади на Собранието, преку закани и клевети до крвави и насилни сценарија со обидоа да создадат поделби и конфликти во општеството со цел да ја дестаблизират државата.
Таквите обиди им пропаднаа, СДСМ, институциите и граѓаните не дозволија тие да ја загрозат европската иднина.
Се додека стојат на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат поразувани.
Центар за односи со јавноста на СДСМ