Министерството за образование на Црна Гора предлага новата учебна година да започне на 5 септември 2022 година, со првиот работен ден од седмицата.
– Верувам дека тие дополнителни денови ќе придонесат за подобра подготовка за новите училишни обврски, од една страна, а од друга – за продолжување на распустот, т.е. да продолжи успешната туристичка сезона во нашата земја, изјави ресорниот министер Миомир Војновиќ.
Традиционално наставата во Црна Гора почнува на 1 септември, што оваа година паѓа во четврток.