Новата сметка за електрична енергија за месец јули, фактурирана према ЈПКД Комуналец изнесува 8.508.236,00 денари, дознава ТВ Нова 12. Вклучувајќи ги сите параметри од делот на функционирањето на претпријатието, оваа сметка го вклучува алармот за функционирање на претпријатието во иднина.
Електричната енергија, која е неопходна за функционирањето на пумпите и пумпните станици со кои се снабдува со вода градот и населените места, е ресурс и трошок кој неможе да се редуцира.
ЈПКД Комуналец се соочува со трошоци за електрична енергија неколкукратно поголеми од трошокот претходната година, а во некои месеци трошокот за електрична енергија изнесува и до 70% од вкупниот фактуриран приход на претпријатието. Во изминатите 7 месеци збирот на сметките за електрична енергија изнесува 33.686.398,00 денари споредбено со првите 7 месеци во 2021 година, кога збирот изнесува 8.500.784,00 денари. Оваа ситуација на претпријатието со овие цени на услугите е неодржлива и го загрозува функционирањето, а со тоа и снабдувањето со вода на граѓаните.