Невремето кое попладнево го зафати Скопје направи штета во Козле. На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од откорнат лимен кров на улицата Јуриј Гагарин. Оштетени се неколку автомобили.

Според последните информации на Центарот за управување со кризи, силна нестабилност ги зафати и Пелагонија, Велес, Росоман и Градско. Невремето е проследено со интензивен пороен дожд и електрични празнења, како и силен ветер.

На метеоролошката станица во Радарскиот центар Тополчани беше региструран удар на ветер од 150 километри на час.