Мицкоски пропушти шанса да застане на страната на иднината и избега од јавноста, но од волјата на граѓаните не може да избега
Христијан Мицкоски пропушти уште една шанса да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните измени коишто го гарантираат македонскиот идентитет и го отвораат патот кон ЕУ и НАТО.
Со однапред снимени обраќања Мицкоски бега од јавноста и од одговори за неговите обиди за кочење на македонската иднина.
Со тоа, Мицкоски пропушти шанса да застане на страната на иднината и напредокот и остана заробен во минатото на изолација и уназадување.
Мицкоски останува пион на Никола Груевски кој по секоја цена сака амнестија за неговиот претходник.
Очигледно дека Мицкоски би посакал и криза за да може да се пазари за амнестија за Груевски. Нема да има амнестија, ниту ќе има криза.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имаат шанса да ги поддржат уставните измени и изберат иднина во ЕУ и НАТО наместо амнестија и изолација.
Но ако Мицкоски продолжи со блокада само за да обезбеди амнестија за Груевски, тогаш единствен начин се предвремени парламентарни избори организирани веднаш.
Мицкоски може да избега од јавноста, но нема да избега од волјата на граѓаните.
Центар за комуникации со јавност
Социјалдемократски сојуз на Македонија