Српскиот претседател Александар Вучиќ го откажа меѓународниот настан „Еуропрајд“ што требаше да се одржи во Белград од 12 до 18 септември, додека организаторите на настанот ветија дека ќе се одвива според планираното
Тој на денешната прес-конференцијата во Белград, Вучиќ изјави дека правата на сексуалните малцинства се загрозени во Србија, но рече дека владата била под силен притисок од десничарските групи и претставници на Српската православна црква да го откаже настанот.
„Не е прашање дали тие притисоци се посилни, едноставно во одреден момент не можете да постигнете сè, и тоа е тоа““ кусо изјави Вучиќ.
Тој најави дека е можно настанот да се одложи, односно да се одржи подоцна во друг термин.
Настанот на кој се промовираат основните права на лезбејска, геј, бисексуална, трансродова и интерсексуална гордост на пан-европско ниво секоја година се одржува во различен европски град и во него е вклучена Парада на гордоста.
Кристине Гарина, претседателка на Европската асоцијација на организатори на гордоста, која го лиценцира „Еуропрајд “, објави соопштение во кое се вели дека настанот нема да биде откажан и покрај забелешките на Вучиќ.
„Правото на Прајд Парада е прогласено од Европскиот суд за човекови права како основно човеково право“, рече Гарина, додавајќи дека секоја забрана ќе ја прекрши Европската конвенција за човекови права.
Таа изјави дека „ Еуропрајд“ во Белград нема да биде откажан и ќе собере илјадници ЛГБТИ+ луѓе од цела Европа. Гарина ги повика српските власти „цврсто да застанат против овие насилници и да го заштитат настанот“.
Марко Михаиловиќ, активист на Београд Прајд, објави на Твитер дека одлуката на Вучиќ да ја откаже парадата е „јасно кршење на уставот, како и на пресудата на Уставниот суд со која се прогласени забраните на Прајдот во 2011, 2012 и 2013 година. противуставно“.
Тој вети дека парадата ќе продолжи според планираното на 17 септември.
Србија ја одржа својата прва геј парада во 2001 година, а настанот беше проследен со насилство и гневни контрапротести на екстремно десничарските и националистичките групи. На следната парада на гордоста во Белград, во 2010 година, беа повредени повеќе од 100 луѓе.
Сепак, третата геј-парада беше организирана во 2014 година и настанот помина без сериозни инциденти. Оттогаш, годишните паради на гордоста се одржуваат мирно во Белград секоја година, освен во 2020 година кога настанот беше откажан поради пандемијата COVID-19.