Падобран-панталоните го достигнаа врвот на популарноста кон крајот на деведесеттите и почетокот на 2000-тите, а нивното враќање на сцената го најавија познати личности како Бела Хадид, Дуа Липа, а сега и Анџелина Џоли.
За многумина овие претерани панталони со странични џебови не се најдоброто модно решение, но доколку веќе ги носите, модните експерти се согласуваат дека овој модел на панталони со широк крој бара стилска пропорционалност.
Актерката тоа го постигнала комбинирајќи ги со тесна маица на бретели. Рамнотежата на горните и долните делови не ја нарушија ниту ниските сандали, а стајлингот го заокружи скапата чанта со потпис на куќата Сен Лоран.