Франција ќе ја достави својата експертиза во областа на кибер безбедноста на владините институции во Црна Гора, на барање на таа земја членка на НАТО, која е цел на голем хакерски напад врз владини институции, соопштија француските власти.
Тоа е втор кијбер напад за една недела во Црна Гора.
– Француската влада одговори позитивно на барањето на црногорските власти и ја става на располагање Националната агенција за безбедност на информациските системи (ANSSI) да изврши мисија за поддршка и помош во откривањето, анализата и санирањето на кибер безбедноста, изјави владиниот претставник задолжен за дигитална транзиција и телекомуникации Жан-Ноел Баро.
Според него, ANSSI ќе и обезбеди на Црна Гора капацитети за анализа и совети, експертиза и знаење со цел да се иницираат првите итни мерки.
Баро додаде дека мисијата е во согласност со проектот за создавање регионален центар за развој на кијбер капацитети, предводен од Франција и Словенија, кој ќе биде со седиште во Црна Гора.