Полицијата отстрани група лезбејки од геј Парадатата на гордоста во Кардиф, пренесува Дејли меил.

На снимката што ја емитува медиуми се гледа како еден полицаец им кажува на геј-жените да се тргнат настрана поради „конфронтација“ со трансродовите учесници на маршот и нивните поддржувачи.

Активистичката група „Get The L Out UK“, која „се залага против… трансродовиот живот“, сподели снимка од вчерашниот настан во Кардиф Прајд. Во клипот, може да се видат како двете групи, како ривали на маршот, викаат една кон друга на улицата Сент Мери за време на маршот на ЛГБТ.

Организаторите на настанот, тврдат дека лезбејската група го „прекинала“ маршот.