Невремето проследено со пороен дожд, град, грмотевици и ветер што попладнево го зафати Скопје, предизвика поплавување на улици, подвозници, куќи и дворови. Има и искрешни дрва и гранки.

Силниот дожд и градот го отежнуваат движењето по улиците чии коловози се под вода. Засега нема конкретни информации за предизвикани штети од невремето, но има поплавени подруми, оштетени автомбили и сл.

Силниот дожд и градот го отежнуваат движењето по улиците чии коловози се под вода. Засега нема информации за предизвикани штети од невремето.

УХМР најави дека нестабилното време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе се задржи до петок, особено во попладенвните часови. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и услови за појава на град.

Од ЦУК информираат дека освен Скопје, од невреме попладнево се зафатени и Штип, Велес, Демир Хисар, Свети Николе.

(МИА)