Русија во средината на август примила пратка од стотици исклучителни борбени дронови од Иран, јави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на неименуван извор од американско надворешно разузнавање.

Беспилотните летала „Мохаџер-6“, „Шахед-6“ и „Шахед-191“ се опремени да носат муниција за напад на радари, артилерија и други цели, но првичните тестови на овие дронови, наводно, покажале бројни технички недостатоци.

-Има неколку ‘бубачки’ во системот, изјави безбедносно лице чија влада го следела трансферот. Изворот додава дека „Русите не се задоволни“.

Извештајот на весникот Кремљ денеска го отфрли како „лажен“.