Заменик народниот правобранител Јован Андоновски објави дека почнала соодветна правна постапка за ставката која ЕВН ја воведе на сметките за струја со која се наплатува преносот на струја до домовите на граѓаните и до компаниите.
– Би сакал да ве известам дека е отворена постапка за испитување на новата давачка за пренос и дистрибуција на електрична енергија, која за прв пат се појави на последните сметки за струја. По добивање на одговори од ЕВН, РКЕ и ЕСМ, ќе бидете известени за исходот од постапката, објави Андоновски.
Како што објави порталот Експрес, доколку се утврди дека ЕВН незаконски наплатувала пренос до домовите или пак дека не ЕВН не смее да наплаќа струја од граѓани кои не ја потрошила за да се покрие за тие што не плаќаат, предвидени се и парични казни до затворски казни за одговорните.