ЕУ предлага забрана на употребата на пластиката за да се спаси морскиот свет. Предлозите имаат за цел да се забранат вообичаени пластични производи како што се сламки за сокови или коктели, чепкалки за уши, стапчиња за балони како и пластичните лажички за кафе.

Европската комисија, исто така, планира да ги собере сите пластични шишиња до 2025 година. Планот треба да биде одобрен од сите 28 членки на ЕУ и од Европскиот парламент пред да стане закон.

Доколку се усвојат новите законски ограничувања, се смета дека ќе се спречи испуштање на 3,4 милиони тони јаглеродни гасови, како и заштита на околина со што ќе се заштедат 22 милијарди евра до 2030 гофина.

-Пластичниот отпад без дилеми е големо прашање за Европејците и тие мора да дејствуваат заеднички во справувањето со проблемот-изјави Франс Тимерманс, првиот потпретседател на ЕУ.

Инаку, познатите пластични предмети на кои се навикнати милоиони луѓе, ќе бидат заменети со производи кои не загадуваат.

Во планот не е наведен краен рок кога ќе се воведе целосната забрана на пластичните производи, но јасно е дека ќе треба еден период на транзиција за многу индусутрии да се пренаменат на новите услови, како на пример индустријата за производство на брза храна кои користат пластични пакувања.