Далај Лама во писмо до новиот британски крал Чарлс изрази длабока тага поради смртта на кралицата Елизабета и му порача дека неговата мајка водела живот полн со смисла.
– Се сеќавам дека видов фотографии од нејзиното крунисување во списанијата кога бев млад во Тибет. Нејзиното владеење како најдолговечен британски монарх претставува прослава, инспирација и чувство на континуитет за многу луѓе, напиша Далај Лама.
– Вашата мајка живееше живот полн со смисла со достоинство, силно чувство за служба и топло срце, квалитети што сите треба да ги негуваме, се вели во писмото.