Навивачите на ирскиот премиерлигаш Шамрок Роверс извикуваа „Лизи е во ковчег“ (Lizzie’s in a box) од трибините на синоќешниот натпревар од Конференциската лига против Ѓургарден.
Тоа беше нивниот начин на исмејување, дури и ја славеа смртта на британската кралица Елизабета, која почина во четвртокот.
Видеото од нивното скандирање се појави на интернет и предизвика бројни реакции, главно негативни. Познато е дека Ирците и Шкотите немаат добри односи со Англичаните, а тоа го потврдија и навивачите на Хартс, кои со свирежи ја прекинаа минутата молчење пред натпреварот против Башакшехир во Конференциската лига.
Фудбалскиот клуб Шамрок го осуди ваквиот начин на приемот на веста за смртта на кралицата:
„Шамрок роверс ги осудува песните на една група навивачи на вчерашниот натпревар. Такви нечувствителни и злобни песни не се прифатливи за нашиот клуб и се во спротивност на вредносите на клубот. Шамрок ги прифаќа сите навивачи без разлика на етничката и културната позадина, националност или религиозност. Тие кои ќе бидат забележани со вакво однесување ги очекува исфрлање од стадионот и пријавување во полиција“, објави клубот.