Руските сили се повлекле од Изјум!?

/ 10.09.2022

Прорускиот лидер на самопрогласената народна република Доњецк, Данил Бесонов, на Телеграм напиша дека руските војници се повлекле од Изјум и од неколку други населени места во областа Харков, пишува Киев Индипендент.

Украинските сили влегоа во клучниот источен град Купијанск, во брзата контраофанзива со која повратија дел од окупирантаа територија, велат властите. Купијанск е витален центар за снабдување на руските сили во источна Украина и падна една недела по инвазијата во февруари.

Видео кое кружи на социјалните мрежи покажува украински војници пред главната владина зграда во Купјанск, која е на околу 73 километри северно од Изум.

Украинските специјални сили пак објавија фотографии на социјалните мрежи на кои рекоа дека ги прикажуваат нивните офицери во градот. Ова е најзначаен пробив откако Русија се повлече од областите околу Киев во април

ББЦ јавува и дека на проруските канали се информира дека руските војници го напуштиле Изјум. Други канали јавуваат дека украинските војници се веќе во центарот на градот.

Борбите на исток се одвиваат заедно со тековната офанзива околу Херсон во јужна Украина.

Аналитичарите оценуваат дека е можно русите да ги повлекле војниците од исток за да ги зајакнат силите околу Херсон, што им отвори шанса на Украинците да удрат на ослабената линија на фронтот.


Од истата категорија