Бродови на грчката крајбрежна стража пукаа врз товарен брод во меѓународни води во Егејското Море, обвинија турските власти.

Во него се наведува дека на бродот, кој се наоѓал на околу 20 километри југозападно од турскиот остров Бозџада, немало жртви.

Грчката крајбрежна стажа потврди од два нејзини брода биле испукани „предупредувачки истрели“ кон бродот кој „се движел сомнително“, но тврдеше дека тоа се случило во грчки територијални води, кон островот Лезбос. Капетанот на бродот одбил да дозволи инспекција, по што бил придружуван до влезот во територијалните води на Турција, соопштија грчките власти, додавајќи дека за сето ова биле известени турските поморски служби.

Турските власти испратиле два брода кон местото на инцидентот, по што грчките бродови го напуштиле реонот, објави турската крајбрежна стража.